Претседателот на САД, Доналд Трамп се обрати на американскиот народ со видео порака на Твитер, во која ја честиташе Новата година, во негов стил. Американскиот претседател првобитно требаше дочекот да го помине со својата сопруга на бал, на нивниот имот Мар-а-Лаго на Флорида, поради што Меланија морала да биде сама за новогодишната ноќ.
Трамп во својата порака на омилената социјална мрежа малку ги прекори граѓаните и се пожали дека празниците ќе ги мине сам.
Додека јас напорно работам во Белата куќа, вие славите, но не ве обвинувам. Уживајте – порача американскиот претседател, посакувајќи среќна Нова година.
Трамп го откажа патот на Флорида во сред гасењето на финансирањето на администрацијата кое почна на 21 декември, кога демократите одбија да дадат пет милијарди долари од конгресниот буџет за финансирање на ѕидот, колку што бара претседателот. Секако во видео пораката се пофали со своите успеси во претходните две години колку што е на функција.
Додека тој, како што самиот вели, напорно работи, првата дама на САД блескаше на раскошниот бал кој е организиран за новогодишната ноќ, на кој присуствувале и децата на американскиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.