Под мотото „Сите за еднаквост“ на глобално ниво денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Tема на овогодинешната кампања е „Еднаков свет е овозможен свет“.

Пораката која ќе биде испратена е дека колективно секој од нас може да помогне да се создаде родово рамноправен свет.

Индивидуално, сите ние сме одговорни за сопствените мисли и постапки – цел ден, секој ден. Можеме активно да избереме да ги предизвикаме стереотипите, да се бориме со пристрасност, да ги прошириме перцепциите, да ги подобриме ситуациите и да ги славиме женските достигнувања, стои во пораката испратена од Интернационалниот Ден на жената.

На меѓународниот ден на жената оваа година Европскиот парламент одбележува 25 години од Пекиншката декларација за родова рамноправност. Учесниците на четвртата светска конференција на Обединетите на нации за жените усвоија во 1995 година резолуција за зајакнување на жените во делови од светот.

Резолуцијата поставува стратешки цели за постигнување на родова равноправност во дваесет поглавја, вклучително економијата, насилството над жените, жените на моќни позиции и жените и околината.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.

Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.