Меган Маркл неодамна даде интервју за документарецот „ITV“ во кое за малку ќе се расплачеше велејќи дека има многу проблеми обидувајќи се да се избори со животот пред окото на јавноста.

Војвотката вели дека откако се омажила за принцот Хари и го родила својот син, поминува низ тежок период.

Фала ти што ме праша како сум. Одамна никој не ме прашал како сум“ рече Меган низ солзи.

Кралскиот документарац е снимен за време на нивното патување во Африка во текот на септември, а водителот ја прашува Меган дали нејзиниот сопруг, принцот Хари премногу ја заштитува поради тоа што се случило со неговата мајка, принцезата Дајана.

Не можам да ги контролирам своите емоции, чувствувам голем притисок, особено сега кога родив бебе“ вели Меган.

На прашањето дали не се чувствува добро, Меган вознемирено одговори „да“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.