Принцот Хари денес наполни 35 години, a на официјалниот инстаграм-профил Sussex Royal, по желба на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, објавен е колаж од фотографии на принцот Хари од неговото раѓање до крштевката на неговиот син Арчи.

Во описот на објавата стои порака на Меган:

Твојата посветеност на целите кои ти се многу важни ме инспирира секој ден. Ти благодарам што си толку добар сопруг и најдобриот можен татко на нашиот син. Те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден, стои во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.