Одвојувањето на Меган и Хари не престанува да предизвикува непријатности во кралското семејство, а британските медиуми известуваат дека Меган со еден потег успеала да ја налути Камила Паркер, сопругата на принцот Чарлс.
Меган се вратила во Велика Британија за да со принцот Хари ги изврши последните кралски должности, а Камила се налутила бидејќи, наводно, Меган го прекршила ветувањето дека нема да го засени нејзиниот говор за насилство во семејството во рамките на десеттата годишница од фестивалот Women of the World во Националниот театар, кој го планирала и подготвувала една година.

 

View this post on Instagram

 

Yesterday, The Duchess of Sussex, Royal patron of the National Theatre, visited the Immersive Storytelling Studio in London, where emerging technology like Virtual Reality is being used to develop new forms of emotive storytelling. Recently, The Duke and Duchess of Sussex also visited Stanford University where part of their learning journey included a virtual reality presentation that allows the user to experience life through another person’s point of view. The goal of this method of virtual reality is to enable us to better connect and empathise with each other as people, regardless of race, age or nationality. The Duchess is pictured here with Nubiya Brandon and her hologram, featured in the National’s exhibition ‘All Kinds of Limbo’, which is currently being presented at the Tate Modern. Photo © The Duke and Duchess of Sussex / Chris Allerton

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

 

Камила самата ја поканила Меган на овој настан, но како што пишува Mirror, не очекувала дека Меган ќе инсистира на тоа сите да ја фотографираат и така да го преземе сето внимание и да стане центар на интерес.

&n

bsp;

 

На Камила работата и е многу важна, а одлуката на Меган да ја засени била внимателно испланирана. Секако, знаеме дека Хари и Меган ќе имаат свои обврски во Лондон, оваа недела, како и некои приватни обврски, но сите се согласиле дека говорот на Камила треба да биде приоритет.. За жал, некои луѓе имале други идеи, изјавил извор од кралската палата.

Говорот на Камила сепак не минал незабележано. Го пофалиле многу луѓе на челните позиции како што е шефицата на Метрополитен полицијата, Кресида Дик, и извршната директорка на здружението „Сигурен живот“, Сузан Џејкобс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.