Откако на 14 февруари ги споделија вестите за бременоста, Меган Маркл и принцот Хари првпат јавно се појавија и тоа по пат на видео снимка која што ја направиле во нивниот дом во Калифорнија.
Големо внимание привлече стајлингот на Меган во кој што се појавила на овој јавен настап.
Таа како да се обидела да го прикрие својот труднички стомак со елегантен фустан со А крој, кој што е со потпис на Оскар де ла Рента.
Меган повеќе не се грижи за тоа колку пари троши од кралскиот буџет, па така купува скапи модни парчиња без грижа на совест. Нејзиниот фустан се продава по цена од речиси 170.000 денари.
Меган носела и скапоцен накит: златен часовник кој што некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дајана, но и луксузна нараквица со потпис на „Картие“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.