Меган Маркл вчера го прослави својот 40 -ти роденден и по тој повод го објави првото видео во кое се појавува по раѓањето на нејзината ќерка Лилибет Дијана, која е родена на почетокот на јуни.
Во видеото, кое го објави на профилот на Фондацијата Арчевел на Инстаграм, Меган ја ангажирала актерката Мелиса Мекарти за да го промовира својот нов проект 40X40, со кој што сака да им помогне на жените кои ја загубиле работата поради пандемијата.
Војвотката од Сасекс се појави во едноставна бела маичка и џемпер, а снимена е во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија. Едно од нејзините кучиња ужива свиткано на перницата позади неа.
Во еден момент, камерата го фаќа бирото на Меган, кое содржи досега невидени семејни фотографии, а на една од нив е прикажано бебето Лилибет со нејзиниот татко, принцот Хари, пишува Page Six.
На самиот крај на видеото се појавува и Хари.
Каква убава идеја, се надевам дека и ти ќе поминеш 40 минути со татко ти затоа што времето е подарок“, „Добро е да се види дека имаш кловн за жонглирање“, „Најдобриот дел од целото видео е кучето“, се само дел од коментарите.
Инаку, членовите на британското кралско семејство на социјалните мрежи и го честитаа 40 -тиот роденден на Меган.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.