Војвотката од Сасекс ја прослави првата годишнина од пуштањето во продажба на нејзината капсулна колекција за облека, „Паметниот сет“ (Smart Set), со приклучување на видеоповикот со добротворната организација „Smart Works“.

За време на повикот, Меган разговараше со три жени на кои добротворната организација им помогнала да се вратат на работа. „Smart Works“ ги обезбедува жените со облека и самодоверба за да можат да присуствуваат на интервјуа и да си обезбедат вработување.

Војвотката изгледаше сериозно стилски за време на повикот и со поинтензивна шминка на лицето, а исто така им даде на кралските обожаватели да ѕирнат во декорот на нејзиниот нов дом во Монтесито, Санта Барбара. За време на видео-разговорот, Меган седи пред раскошен камин, на чиј врв стои винтиџ принт на мечка држејќи ја државата Калифорнија. Винтиџ дезенот, кој оригинално беше ковер на музиката за регионалната химна на Калифорнија, стои над огништето зад Меган.

Уметничкото дело е преземено од корицата на нотниот запис за „Те сакам, Калифорнија“, регионалната химна на државата. Бидејќи е родена и израсната во Калифорнија, логично е дека војвотката би сакала да го прослави своето наследство со прекрасното уметничко дело.

Војводата и војвотката од Сасекс во текот на летото тивко се преселија во Санта Барбара.

Тие се сместија во тивка приватност на нивната заедница уште од нивното пристигнување и се надеваат дека ова ќе се почитува за нивните соседи, како и за нив како семејство – за магазинот „Пипл“ потврди портпаролот на Меган и Хари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.