Биле во повеќегодишна врска, а се зборувало и дека ќе се венчаат. Британската јавност ја обожавала, а кралското семејство го ценело нејзиното почитување на правилата на однесување, но нивната љубов сепак не се одржала.
Кресида Бонас и принцот Хари биле три години во врска, а прекинале бидејќи на Кресида ѝ било преголемо оптоварување да стане војвотка. По неа, Хари се сапознал со Меган, а Кресида му се вратила на бившто момче за кое наскоро ќе се мажи.
Хари и Кресида останале пријатели, а таа била гостинка на неговата венчавка со Меган. Сега одлучила да му ја возврати поканата и да го покани на нејзината венчавка.
Потврено е дека Хари дефинитивно ќе се најде на листата на гости, но се поставува прашање дали ќе дојде и Меган.
Извори блиски на кралското семејство тврдат дека Меган е прилично љубоморна и дека не се чувствува пријатно во друштво на неговите поранешни девојки.
Наводно војводката не била одушевена кога дознала дека Кресида ќе дојде на нивната венчавка и затоа била поканета само на церемонијата во црквата, а ѝ било забрането да дојде на приватната забава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.