Животот на војвотката од Сасекс, Меган Маркл целосно се променил во последните две години. Покрај тоа што се омажи за прицот Хари и ќе роди член на кралското семејство, Меган морала сосема да го промени својот социјален живот.

Имено, кога нејзината врска со принцот Хари стана сериозна, Меган беше присилена да го избрише својот Инстаграм профил на кој беше прилично активна. Сепак, војвотката не можела да одолее, па направила таен Инстаграм профил на кој ги следела само најблиските пријатели. Но, нешто пред Божиќ одлучила да го избрише.

Извор близок до парот за „Marie Claire“ изјавил дека Меган тоа го направила поради своето психичко здравје, бидејќи сè почесто налетувала на грди и лажни вести за себе, кои прилично ја погодувале.

Читаше некои навистина злобни работи за себе кои ги пишуваа Интернет троловите. Исто така гледаше бројни наслови на статии кои ја погодувале, па пред Божиќ конечно одлучила да го избрише профилот за да го сочува психичкото здравје. Се чувствуваше многу осамено и изолирано, рекол изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.