Излезе уште еден трејлер за долгоочекуваното интервју на принцот Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) со водителката Опра Винфри (67), а фокусот на разговорот, секако, е на нивниот однос со кралското семејство.
Во првиот објавен дел од интервјуто, Хари зборува за тоа како тој само сакал „историјата да не се повтори“, алудирајќи на односот што неговата почината мајка Дијана го имала со кралското семејство, но, како што коментираат светските таблоиди, изјавите на Меган ќе бидат оние што сериозно ќе го разнишаат кралското семејство.
Не знам зошто тие очекуваа да молчиме по сето ова време и откако стана јасно дека и самите тие активно учествуваа во атмосферата на линч против нас и ги поддржуваа лагите што беа пласирани. Сакавме тоа да престане, а во тој момент повеќе немаше што да изгубиме. Едноставно веќе сè беше изгубено – ѝ вели Меган на Опра во најавата за интервјуто.
Опра заклучува дека Меган кажала некои мошне шокантни работи, а помпезно најавуваното интервју „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ ќе се емитува на 7 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.