За уште една од работите што ги „признаа“ во фамозното интервју кај Опра, Меган Маркл и принц Хари мораа да признаат дека е лага. Кај американската водителка глумицата рече дека тие се венчале три дена пред големата кралска свадба, која дури и ја нарече – театар за јавноста. Британската јавност остро реагираше на овие зборови имајќи предвид дека гламурозното венчавање беше под покровителство на кралицата Езизабета, поточно од парите на граѓаните.

Меган се пофали дека тие се венчале пред службената церемонија во нивниот двор во присуство само на надбискупот од Кентербури.

Три дена пред нашето венчавање ние всушност се зедовме. Никој не го знае ова, му се јавивме на надбискупот и му кажавме „ова се, овој спектакл е за светот, а ние сакаме нашиот брак да биде само меѓу нас, рече таа кај Опра.

Но, британски „Сан“ го пронајде и објави нивниот венчален лист, во кој стои дека Меган и Хари навистина се венчале на 19 мај, за време на кралската свадба. По написот со наслов „Меган лажеше“, двојката мораше да реагира, па нивниот портпарол соопшти дека она за што Меган зборувала било само размена на завети, не и вистинско венчавање. Со други зборови, Меган и Хари си кажале колку се сакаат во присуство на надбискупот, но и граѓански и пред црквата, нивниот брак стапил на 19 мај.

И пред „Сан“ да ги објави доказите, а Меган повторно да се извини за уште една лага искажана кај Опра, британскиот викар пред неколку дена објасни дека според правилата на нивната Црква на венчавката мора да бидат присутви два сведоци, а и дека свадбена церемонија може да има само на места сертифицирани за богослужба, а дворот на Меган и Хари не е едно од тие места.

Јавноста уште по интервјуто реагираше дека ако навистина се венчале три дена претходно за тој ден да биде само за нивен и интимен, тогаш зошто Меган се фали за тоа во интервју за кое знае дека ќе го гледа целиот свет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.