Принцот Хари и Меган Маркл се во самоизолација со својот син Арчи во домот во Ванкувер. Парот по враќањето од Обединетото Кралство одлучил самоиницијативно да оди во самоизолација, а принцот е многу загрижен за својот татко Чарлс и бабата Елизабета, бидејќи и двајцата се во ризичен период.

Меган наводно им се пожалила на пријателите дека Хари се грижи за баба си и татко си. Принцот и Меган наводно се под строги правила во својот дом во Канада, па нивните вработени носат маски и ракавици постојано.

Благодарни се што поминале одредено време со остатокот од кралското семејство пред да настане хаосот, пренесува Daily Mirror.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.