Двојката од Сасекс ќе се повлече од своите кралски должности на крајот на годината и ќе го поделат времето меѓу САД и Велика Британија, изјави извор на Си-Ен-Ен од Бакингемската палата.

Веста за заминувањето на принцот Хари и неговата сопруга Меган, од службените должности, доаѓа во време кога Велика Британија е во очекуваење на документарниот филм за парот, снимен за време на нивната турнеја во Јужна Африка. Во најавата на филмот емитувана од медиумите, Хари ја опишува идејата за преселба во Африка како „неверојатна“, но признава дека е малку веројатно.

Не знам дали би можеле да живееме во Африка во моментов“, вели принцот пред новинарот Том Бредби. „Само што дојдовме од Кејп Таун. Ова би можело да биде уникатно место за нас “.

Изворот на Бакингамската палата не може да каже колку долго Меган и Хари ќе „одморат“. Двојката ќе се посвети на семејниот живот – веројатно на средината на ноември, откако ќе завршат нивните должности и обврски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.