Јасновидката Џемима Пакингтон во утринска емисија на британска телевизија, предвидела дека Меган Маркл (37) ќе роди близнаци на крајот на месецов.

Војводата и војвотката од Сасекс овие денови очекуваат принова. Во понеделникот во Велика Британија пристигнала и мајката на Меган, Дори (62).

Џемима тврди дека својата дарба за читање на иднината ја открила многу рано. Таа тврди дека близнаците ќе бидат момче и девојче, а имињата на кралските бебиња во себе ќе ги содржат буквите А и Н.

Гледачите повеќе се смееле отколку што ѝ поверувале на оваа жена. На социјалните мрежи пишувале дека тоа е чиста глупост која не смеела да заврши на телевизија, додека други пишувале дека овој дел само добро ги насмеал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.