Вчера војводите од Сасекс ги собраа сите погледи во Ројал Алберт Хол во Лондон, кога се појавија на свечениот концерт облечени во складна модна комбинација и двајцата во црвена нијанса.
За свечениот концерт, Хари носеше црвена кралска униформа, додека Меган Маркл беше облечена во елегантен макси фустан од „Сафија“ достапен во продажба по цена од 1.295 фунти.
Да потсетиме, Меган и Хари се повлекуваат од кралските должности, а до 31-ви март, кога официјално завршуваат нивните кралски обврски, ќе учествуваат на уште неколку службени настани. Денес Меган ќе учествува на настанот организиран по повод Денот на жената, 8ми март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.