Британските медиуми со недели се опседнати со интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл дадено кај Опра, во кое открија доста задкулисни тајни за кралското семејство, но и по кое со бројни деманти голем дел на тврдења беа отфрлени како лажни. Така, во една од низата на лаги искажани на „Си-Би-Ес“, Маркл тврди дека пред запознавањето со Хари многу малку знаела за британското кралско семесјтво, но во нејзиниот блог од 2014 година, кој го водела додека беше на почетокот на актерската кариера, може да се прочита нејзиното мислење за свадбата на Вилијам и Кејт и нејзиниот сон да стане принцеза.

Иако блогот е угаснат, „Сан“ пренесуваат делови од нејзиниот текст, во кој меѓудругото пишува дека и „возрасните жени ја задржуваат таа фантазија од детството – да се омажат за принц“. Весникот додава дека и пријателите од детството на Меган откриваат дека доста се интересирала за семејството и дека особено читала за принцезата Дајана, а нејзиниот погреб го следела цел ден плаќејќи.

Веќе е познато дека Меган во неколку наврати целосно го има ископирано изгледот на принцезата Дајана, а експертите за говор на тело, пак, често укажуваа дека таа ги прави истите потези како мајката на Хари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.