По страшната експлозија која вчера се случи во Бејрут, главниот град е опустошен, нaстрадаа и многу болници, а една од нив е и „Бејрут Рум“. Токму таму фотографот Билал Јавиќ направил фотографија од млада медицинска сестра која успеала да спаси три бебиња.

По 16 години фотографирање за медиумите и многу војни можам само да кажам дека не сум видел ништо слично на ова. Оваа хероина ги замота и ги чуваше внатре во болницата, додека се обидуваше да воспостави повици и покрај прекините во комукациите, три новороденчиња во рацете опкружена со десетина тела и повредени лица, напиша авторот на фотографијата.

Истата болница, која работи од 1902 година и се грижи за најмалку 350.000 пациенти годишно, сега, по невидена катастрофа што го погоди Бејрут, мака мачи со недостаток на крвни единици.

Според последните информации, експлозијата однесе 100 животи, а повеќе од 4.000 се повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.