Американката Саманта Марш (33) , која работела како медицинска сестра во средно училиште во местото Крисфилд , завршила вчера во притвор , откако било откриено дека сексуално нападнала четворица ученици.

Нивните сведочења се слични . Таа, во периодот од март минатата година до јануари годинава , ги пречекувала пред училиштето , ги повикувала во своето комбе и таму ги искористувала.

Марш признала дека имала сексуални односи со тројца од учениците , па сега се соочува со серија обвиненија за сексуално злоставување.

Таа е во притвор без право на излегување со кауција. Од училиштето соопштија дека ја суспендираат иако и натаму добива плата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.