На социјалните мрежи кружи видео во кое се гледа како медицинска сестра во една болница за белодробни болести во Русија малтретира дете, влечејќи го за коса, по што го фрла на креветот. Видеото брзо дошло до рацете на полицијата која врши истрага.

Сестрата веднаш е суспендирана, а својата постапка ја оправдувала со фактот дека „рацете и биле влажни, па за да не го испушти детето го фатила за коса.“

Истражниот комитет на Русија во Новосибирската област моментално проверува зошто дошло до инцидентот.

– По разгледување на фактите и изјавите ќе биде донесена и одлука за решение на случајот, рекла за тамошните медиуми Анастасија Кулешва, секретар на Истражниот комитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.