Mедицинска сестра од Њујорк е обвинета за кражба на кредитна картичка на пациент кој страдал од коронавирус.
Ќерката на пациентот тврди дека медицинската сестра ја користела картичката за да купи гориво и намирници.
Таа додаде дека откако нејзиниот татко починал, добила извештај за наплата на гориво, а набавката била извршена на 9 април кога мажот се борел за својот живот. Покрај тоа, ќерката додаде дека имала увид во снимките од бензинската пумпа на кои се гледа како обвинетата медицинска сестра исплаќа гориво со украдената картичка.
70-годишникот бил хоспитализиран на 4 април и починал осум дена подоцна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.