Израелски нуркач пронашол стар меч во близина на брегот на Средоземното Море во северен Израел. Познавачите на артефакти проценуваат дека мечот потекнува од времето на крстоносните војни.

Според израелската Управа за антиквитети, пронајдени се повеќе предмети на 150 метри од брегот, меѓу кои и фенери, ќерамика и меч долг еден метар. На ова место има повеќе археолошки слоеви, од коишто некои се стари и 4.000 години, но тешко е да се дојде до сите нив.

За новиот наод се наведува дека е стар околу 800-900 години.

Нир Дистелфелд, инспектор во одделот за антиквитети, вели дека мечот бил обвиен во морски организми, но очигледно е направен од железо.

Потекнува од времето на витезите, оклопите и мечевите. Ќе биде исчистен и дополнително анализиран – изјави Дистелфелд.

Тој изрази силна благодарност до нуркачот Шломи Кацин, за тоа што постапил како одговорен граѓанин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.