Сајмон Дорант Деј (53), инженер од Австралија, тврди дека е вонбрачно дете на принцот Чарлс и Камила Паркер и, како што вели тоа сака да го докаже пред Врховен суд.

Сајмон е роден во Госпорт, во близина на Портсмут во април 1966 година, а кога имал само 18 месеци го посвоиле Британците Карен и Дејвид Деј. Сајмон е убеден дека на посвојување го дала тогаш 18-годишната Камила.

Мојата баба Винифред која тогаш работеше за кралицата, ми кажа отворено дека јас сум син на Чарлс и Камила. Некој ја коментираше структурата на мојата вилица и ми кажа дека е иста како кај кралицата. Косата ми беше како косата на Камила, тврди Сајмон и вели дека тој ќе биде „најексплозивната работа која некогаш му се случила на кралското семејство.

Исто така тој вели дека наместо сите да се занимаваат со Хари и Меган треба малку да стравуваат од него.

Сајмон себеси се нарекува „принц Сајмон“ и тврди дека за него би се дознало доколку принцезата Дајана не починела.

Верувам дека Дијана знаела дека постојам и дека и тогаш сфатила што навистина се случува. Мислам дека стигнала до точка кога пронаоѓала се повеќе одговори за сопствениот живот, за тоа какво зло ѝ е направено и секако дека имала намери да го објави сето тоа, вели Сајмон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.