Психолози од Универзитетот во Охајо спроведоа истражување во кое учествувале 800 мажи на возраст од 18 до 40 години. Крајниот заклучок е дека мажите кои објавуваат многу селфи фотографии се чудни, а најлоши се оние кои за селфито користат филтри на Инстаграм.
Истражувањето на Универзитетот во Охајо покажало дека мажите кои објавуваат многу селфи фотки многу поверојатно покажуваат психопатско однесување, пишува Метро.
Кај личностите кои за своите селфи фотки користат и филтри, според ова истражување, постои повисоко ниво на недруштвено однесување како нарцизам и опсесија со сопствениот изглед.
Психолозите спровеле истражување на 800 мажи на возраст од 18 до 40 години, поточно на нивните навики на објавување фотографии на социјалните мрежи. Испитаниците морале да решаваат тестови и да споделат информации за уредувањето на нивните фотографии со филтри.
Не изненадува тоа што мажите кои објавуваат многу селфи фотографии и трошат многу време на нивна обработка да се повеќе нарцисоидни, но ова за првпат е потврдено со истражување“, вели Џеси Фокс од Универзитетот во Охајо, која го водела истражувањето. Уште поинтересно е откритието дека кај таквите личности е поприсутно асоцијалното и психопатското однесување и се повеќе склони на самообјективизација. Многумина мислат дека мажите не прават такви работи, но дефинитивно прават – вели Фокс.
Таа додаде дека психопатите ги карактеризира импулсивноста.
Тие ќе направат фотографии и веднаш ќе ги објават бидејќи сакаат да бидат видени – заклучува Фокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.