Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант се наведува дека работата прекинува на 7 и 8 февруари.
Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на „Мазда“.
Проблемите со снабдувањето се поради студеното време во источниот дел на Cеверна Америка – се наведува во известувањето.
Во јуни 2021 година, „Мазда“ беше принудена да затвори една од своите јапонски фабрики на 10 дена поради недостиг на полупроводници за автомобили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.