Во Далас, Тексас е пронајдено тело на ветеран на американската морнарица, кој починал пред 3 години, објави „Дејли Сан“.

Овој настан го отвори прашањето за отуѓениот свет во кој живееме. Имено, исчезнувањето на Роналд Вејн Вајт било пријавено во полиција повеќе пати, а неговото тело било пронајдено во текот на прегледувањето на становите во станбениот комплекс во Далас чии корисници не користеле вода.

Вајт според договорот работел за американското министерство за одбрана откако ја напуштил морнарицата. По разводот живеел сам, а често поради работа патувал во странство, така што никој не ни помислував на смрт.

Неговата мајка Дорис Стивенс живее во Њујорк и рекла дека редовно се слушала со синот се до пред три години кога повиците наеднаш престанале. Оттогаш повеќе пати во полицијата го пријавувала исчезнувањето на својот син, но и било речено дека истрага не може да се отвори бидејќи станува збор за возрасно лице кое често патува во странство.

Моето главно прашање е како мојот син можел да умре во тој стан, а никој да не знае. Со денови страдав, посебно во викендите и за празниците. Никој не сакаше да ми помогне да го најдам, изјави неговата мајка.

Неговиот стан бил на третиот кат и добро изолиран, а сите прозорци биле затворени и заклучени. Станарината редовно се плаќала од пензискиот фонд на морнарицата.

Маринецот бил пронајден во лежечка положба на подот од кујната, а во станот се пронајдени лекови за дијабетес од 2016 година. Во гаражата бил и автомобилот на Вајт кој веќе за’рѓал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.