Грк бил претепан на плажата Ахлада, во близина на Сарти на Халкидики, бидејќи не сакал да го помести пешкирот кој го ставил во близина на барот на плажата. Како што пренесуваат српските медиуми, Гркот бил предупреден да се тргне од тој дел зашто се работело за приватна плажа. Гостинот на плажа сакал да седи на страна, односно да не ги користи лежалките. Откако тоа не го сторил тој пред сопругата и децата бил претепан.
Гркот објави и видео на Фејсбук кое го споделија дел од администраторите на страните за одмор во Грција.
Медиумите пишуваат и дека сопствениците на плажите во Грција мора да ги постават лежалките на три метри од морето, што воопшто не се почитува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.