Уснија Реџепова три години пред смртта била ужасно разочарана во сопургот Светомир Шешиќ Шеле, поради што барала да ја погребаат одвоено од него.
Легендарната пејачка со естрадниот хармоникаш поминала преку 30 години во брак, биле како едно или барем така делувало од страна.
Тој почина во јули 2013 година, а таа две години подоцна, поточно во октомври 2015 година. Информациите дека се распродава имотот на Уснија ги поттикна нејзините колеги кои беа со неа до крај, да раскажат некажани детали досега.
Таа многу страдаше пред заминувањето од овој свет. Шеле беше нејзин партнер, се заедно стекнаа, иако Уснија беше таа која што имала пари и пред да биде со него, а многу повеќе заработувала и за време на нивниот заеднички живот. Пред неговата смрт кога го прашале на кого ќе му ја остави луксузната куќа на Душановац, а тој рекол: Па на моите, нема ваљда на Цигани да ја оставам.
Штом починал неговите упаднале кај Уснија, која веќе тогаш боледувала од рак на белите дробови, да бараат да им потпише документи дека се е нивно. И куќата и се што е во неа. Тоа ја скршило. Доживела тешко разочарување од сопругот. Не ни сонувала дека тој може да ја издаде на таков начин. Плачела со денови. Можам да кажам дека тоа и го забрза развојот на болеста. Не и беше до животот. Во глава и беше само предавството. Велеше: Не ми е до животот. Колку само создавав, колку патував по светот и се мачев. Мислев дека имам некој кој ме сака. Разочарана сум и убиена. Поради него се раболев – наведува колешка на Уснија, која била со неа до нејзината смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.