Овогодинешната Ѓурѓовденска литија во Струга најмасовна.Околу 15 илјади верници како од земјава така и од странство излегоа на струшките улици да им одадат почит на моштите на Свети Георгиј победоносец и неговата чудотворна икона а торжествената еордија беше збогатена и со чудотворната икона Крнинска од манастирот Пречиста Кичевска.
Молитвената поворка традиционално тргна од црквата Свети Георгиј движејќи се низ улиците на централното градско подрачје покрај реката Црн Дрим низ чаршијата и повторно се врати во храмот на светителот.
Градоначалникот Георгиески истакна дека овие настани се позитивни за македонскиот народ и верниците.
Оваа свеченост со која се осветува градот на мостовите сѐ повеќе е препознаена како интернационален културен настан и го привлекува интересот, не само на верниците туку и на туристите кои доаѓаат да го проследат.
Традиционално литијата се одржува ден по големиот христијански празник Свети Георгиј Победоносец или кај народот познат како Ѓурѓовден и од година во година е се помасовна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.