Спасувачките служби пронашле пет безживотни тела после пожар во една куќа на запад во Германија, а полициските истражители сметаат дека станува збор за повеќекратно убиство и самоубиство во семејството, пренесува „AП“.
Пожарникарите за време на интервенцијата во текот на вчерашниот ден, пронашле пет тела во запалената куќа во германскиот град Радеформвалд, во близина на Вупертал, а утврдено е дека се работи за 41-годишен маж, неговата 37-годишна сопруга, ќерките на возраст од 1 и 4 години и 77-годишната свекрва, чии имиња не се наведени.
„AП“ наведува дека полицијата и обвинителството соопштиле денеска дека според првите податоци од истрагата, се верува дека мажот ги убил членовите на семејството, ја запалил куќата, а потоа и себеси си нанел смртни повреди со нож, а како мотив се наведуваат лошите брачни односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.