Мартин Вучиќ во телефонски разговор за „ММС“, потврди дека компликации поради коронавирусот се причина за смртта на неговиот татко.

Ковид-19 на Драган Вучиќ му бил дијагностициран пред една недела, по што бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Во текот на вчерашниот ден бил стабилен, но состојбата се влошила во текот на ноќта.

Семејството е во шок, бидејќи компликациите настанале ненадејно.

Водителот имал хронична болест – дијабет.

Пријателите, колегите и целата македонска јавност веќе се простуваат со легендарниот водител преку социјалните мрежи.

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година.

Драган со сопругата Весна беше во брак 38 години, а заедно беа повеќе од четири децении. Тие имаа еден син, музичарот Мартин Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.