Малиот охридски херој Марко Пејчиноски, на неговиот официјален профил на Facebook и официјално го најави неговиот нов подвиг, кој ќе се обиде да го спроведе во дело на 28-ми август.
Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1.000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално објавувам дека на празникот Голема Богородица, јас ќе пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид. Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите, напиша Марко на Facebook.
Претстојниот подвиг ќе биде посветен на борбата на лицата со ретки болести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.