Македонката Маргарита Томовска од Австралија, позната како Мерцедес мама, бара да ѝ уплаќаат по 100.000 долари зашто не можела да си најде работа.
Томовска преку GoFundMe бара донации од по 100 000 долари. Преку оваа платформа се собираат пари за неизлечиво болни лица или за навистина сиромашни.
Таа на истата платформа покрена кампања во која бара пари зашто никој не сакал да ја вработи.
За таквата ситуација Томовска ја обвинува полицијата , која наводно ја вознемирувба откако лани ја фатиле како возела 200 км/час со нејзината ќеркичка на задното седиште без појас.
Инаку Маргарита е многу активна на социјалните мрежи каде што се фали со скапа облека, автомобили и шопинзи.
Има фотографии и од казина со жетони од неколку илјади долари. Бара да и уплаќаат по 100 000долари , а засега има собрано скромни 175.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.