Познатата манекенка Емилија Розман(28) вчера се сврши со Стефан Ангелкоски, со кој се познаваа само два дена. Ова е уште еден доказ дека постои љубов на прв поглед и дека таа може и тоа како да спои две срца.  Емилија и Стефан свршеничкиот прстен го објавија вчера на Фејсбук, а така и ја открија нивната љубов. Тие за mms.mk ја раскажаа нивната куса, но силна љубовна приказна, за која и двајцата посакуваат да биде вечна

Во врска бевме само  24 часа откако Стефан ме побара за жена. Се се случи со молевита брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја испружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“  Јас реков- зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не ни успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце.  Секао реков –да, вели Емилија, која додава дека четири години била сама и љубовта и дошла преку ноќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.