Швајцарската манекенка со албанско потекло Хајди Луштаку на црвениот тепих во Кан на фотографите им покажа среден прст среде сесијата кога го покажа своето огромно деколте. Ваквото однесување на манекенката за таблоидите е скандал и го нарекоа „афера nipplegate“. Хајди за прв пат се појави во Кан во длабоко деколтиран фустан, какви што носеа и другите учеснички.

Иако се гледа дека деколтето има леплива лента за да остане фустанот на место, очигледно лепакот попуштил, па се појави и она што манекенката не сакаше јавно да се види.

За целата ситуација да биде поинтересна, манекенката се насмеа и на фотографите им го покажа средниот прст. Луштаку е родена на Косово, а со родителите и осумтемина браќа и сестри емигрирале во Швајцарија кога имала седум години.

27- годишната Хајди се напреварувала и за Мис на Швајцарија во 2013 и е голема ѕвезда во земјата. Верена е за германски боксер, исто така по потекло од Косово, Робин Красничи со вистинско име Хаџи Красничи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.