Бебето Арчи го имаше својот прв јавен настап денес за време на кралската турнеја со неговите родители во Јужна Африка, а принцот Хари и Меган Маркл го запознаа својот син со еден од хероите на апартхејдот, надбискупот Дезмонд Туту.


Четиримесечниот Арчи гордо позираше со јужноафриканскиот активист и пензиониран англикански надбискуп и неговите родители.

Војводата и војвотката од Сасекс на „Инстаграм“ објавиле симпатично видео во кое го носат нивниот син, со опис „Арч го запознава Арчи“.

Интернет корисниците инстантно заклучија дека тој е вистинска копија на татко си и ако се погледнат фотографии од детството на Хари, веднаш може да се заклучи дека сличноста меѓу нив е огромна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.