Дури 38 делумно сериозни технички недостатоци се утврдени кај македонски автобус за долги релации на централната автобуска станица во Диселдорф, поради што тој е исклучен од сообраќај непосредно пред заминувањето – објави Експрес.

Службеници на сообраќајната полиција го прегледале автобусот вчераутро на станицата во „Ворингер плац“ во моментот кога во него имало пет патници, а се очекувале уште 20-30.

Возачот немал дозвола за превоз на патници.

Патувањето е откажано, полицијата наплатила депозит од 631,5 евра и ги одзела табличките од автобусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.