Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на министерот за финансии Драган Тевдовски и економски истражувач и професор по економија на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, од 1 октомври годинава е на ново работно место – сега како професор економист во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Неодамна, и поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски замина на нова работа, во САД.
Од 1 октомври сум вработен со полно работно време во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, ќе работам како економист кој ќе го покрива Балканот, пред сѐ Македонија и Србија, но по потреба и други земји. Се разбира, ќе работам и на други истражувања што ги работи институтот кој е еден од водечките економски институти во светот за регионот на Источна Европа. Значи, не само Балканот, туку и земјите од Вишеградската група, потоа државите од некогашниот Источен блок, како Русија, Белорусија, Украина, Романија, Бугарија, но и Турција…, практично цела источна Европа – рече Јовановиќ за емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77.
Јовановиќ додаде дека Виенскиот институт прави повеќе истражувања и редовни годишни проекции и извештаи за регионот. Тој најави дека во наредните недели институтот ќе излезе со новите проекции за економскиот раст и за состојбата во овој дел од светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.