Финците се најсреќни луѓе на светот, покажува истражувањето на ОН спроведено во 156 држави. Македонија е на 89 место, а од земјите од регионот пред неа се: Србија на 79 место, Црна Гора на 81 место и Хрватска на 82 место, подолу е само Босна и Херцеговина која се наоѓа на 93 место.

Норвешка, која минатата година беше на прво место сега е на второто, а меѓу десетте најсреќни држави во светот се и: Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија, пишува Гардијан.

Извештајот на Обединетите нации ги рангира државите според шест клучни факори кои придонесуваат кон степенот на среќа: приходот, слободата, довербата, очекуваниот животен век, социјалната поддршка и великодушноста.

Од првите пет држави, речиси сите имаат еднакво високи вредности за клучните фактори кои влијаат врз среќата на граѓаните. Четири од тие пет земји, Данска, Швајцарија, Норвешка и Финска се на врвот уште од првиот извештај за факторите на среќа.

Од големите светски сили САД се наоѓа на 18-тото, Велика Британија на 19-то, Русија е на 59-то место, а Кина на 86-то место.

Македонија во овој извештај се наоѓа на 89 –то место веднаш зад Азејберџан и Либан, а пред Јордан и Нигерија.

Најнесреќна земја во светот на 156-тото последно место е Бурунди. Пред неа најнесреќните пет држави се: Руанда, Јемен, Танзанија, Јужен Судан и централноафриканската Република, кои се понесреќни и од Сирија.

Годинава, првпат извештајот ја истражува среќата на имигрантите во секоја земја и тука Финска е повторно на прво место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.