Видео од автомобил кое вози со брзина од околу 90 км/ч, но и дете на покривот, ги разбранува социјалните мрежи.

Настанот заврши со парична казна и одземање на возачката дозвола за три месеци на несериозната мајка. Инцидентот се случи во австралискиот град Перт, а за среќа, 20-минутното застрашувачко патување по улиците на градот не заврши трагично, бидејќи 4-годишното момче цврсто се држеше за шипките за дополнителен багаж, додека возачите, свирејќи, но и со трепкање на светлата успеаја да ја натераат мајката да запре.

Судот ѝ издаде казна од 1.200 австралиски долари (750 евра) на Ерика Шадфорт и ѝ забрани да управува со возило во наредните 3 месеци. Таа објасни дека била расеана и не забележала како нејзиниот син се искачил на покривот на џипот.

Според нејзиниот адвокат таа претрпела огромен стрес, бидејќи се грижи за нејзините шест мали деца, на возраст од 5 месеци до 9 години.

Судијата го опиша инцидентот како „застрашувачки”.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.