Женка германски овчар посвои и одгледува две мали лавчиња напуштени од нивната мајка. Оваа несекојдневна појава се случува во зоолошката градина во „Бел лав“ рускиот град Владивосток“
Од зоо паркот објавија слика од лавчињата, Виктор и Сандра,кои сега се на возраст од два месеца и се во добра здравствена состојба
Апсолутно е уникатно и неверојатно ова што се случува. Таа дури воопшто не сака мачки, но ги прифати овие две африкански лавчиња во своето семејство – вели директорот на зоолошката, Виктор Аафонов.
Нивната мајка, 8-годишната лавица Сирона, ги роди лавчињата во септември по што многу брзо ги напуштила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.