Државата потклекна пред вакцинацијата. Додека цел свет, вклучувајчи го и регионот, се вакцинираше, Македонија немаше вакцини. Подоцна од другите почна вакцинацијата и во Македонија. Но со донирани вакцини. Голем број Македонци наместо во матичната земја, во која плаќаат здравствено осигурување, заминаа во Србија да се вакцинираат. Неспорно е дека, дали заради провизија или нешто друго, граѓаните на Македонија не можат да се вакцинираат. Барем не помладите кои чекаат да стигнат на ред веќе неколку месеци.

Но, неспорен е и фактот дека постојат луѓе кои од за нив познати причини се обидуваат да влејат страв кај народот и да го одвратат од идејата за имунизација. Неплодност, тромбоза, страшни поледици на организмот се само дел од муабетите што ги слушнавме. Еден очаен обид, на кој, за жал, многумина поверуваа е и видеото со тврдење дека местото каде што е ствена вакцината е магнет на кој можете да залепите лажица. Па дури и кована пара. Кована пара на магнет?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.