Момче во Челси направил вистински карамбол кога со своето “ауди“ влетал право во луксузните автомобили паркирани на улицата, пишуваат од британското списание „Метро“.
Во оваа сцена оштетени се 11 автомобили, меѓу кои “мекларен“ во вредност од 330.000 евра, “порше“ од 110.000 евра и “бентли“од околу 220.000 евра.
На снимката од безбедносните камри се гледа како “аудито“ се трка со едно “порше“ пред да изгуби контрола.
Инцидентот се случил во текот на ноќта, “жртви“ биле автомобили кои вкупно чинат околу милион евра, а вкупната штета е околу половина милион евра.
Сведоците раскажале дека прво мислеле дека станува збор за експлозија, а потоа излегле на улица и ги виделе оштетените автомобили.
Мислев дека станува збор за експлозија, дека можеби се срушил хелокоптер“ – изјавила некоја жена.
Други изјавиле дека мислеле дека станува збор за трка.
Возачот за кој се вели дека е млад, излегол од “аудито“ со искрварена глава и бил однесен во болница. Во паркираните автомобили немало никој.
Сведоците велат дека во нивниот крај често се одржуваат трки со луксузни автомобили
Од полицијата соопштиле дека возачот на “аудито“ е само лесно повреден и дека досега немало апсење додека не се утврдат околностите на инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.