На мозокот му е потребна храна исто како и на телото. Со стимулација на мозокот, ќе бидете во одлична форма дури и во подоцнежните години од животот.
Но, многу е важно на кој начин го стимулирате вашиот мозок. Преоптоварувањето на овој орган е штетно.
Резулатите од најновите истражувања покажуваат дека луѓето на воздраст над 40 години не треба да го преоптоваруваат мозокот со премногу работа бидејќи резулатот е контрапродуктивен.
Когнитивната функција на мозокот може да опадне дури и во 40-те години. Се манифестира со губење на способноста за фокус и помнење важни факти. Ова се случува најчесто заради премногу работа.
Институтот во Мелбурн за Применити Економии и Социјални Истражувања направи интересно истражување во врска со работните часови на лицата над 40 години.
Студијата беше извршена на 3.500 жени и 3.000 мажи на воздраст од 40 години и повеќе.
Она што тие открија е дека 30 часови работа неделно се доволни за лицата над 40 години. Оваа граница е одлична за подобрување на когнитивната функција на лицата во тие години, но со надминување на оваа граница, работата на мозокот се влошува.
Истражувањето покажало дека со 55 работни часови, вложувањето на когнитивната функција во мозокот е полоша дури и во споредба со луѓето кои не се вработени или пензионирани.
Луѓето кои учествувале во ова тестирање, биле надгледувани додека им била дадена задача да читаат на глас зборови, букви и бројки.
„Интелектуалната стимулација е одлична доколку сакате да ја одржувате когнитивната функција на вашиот мозок. Тоа може да го правите решавајќи судоку, крстозборки но, мора да бидете внимателни.
Многу е важно за луѓето над 40 години да се свесни до кој степен ја извршуваат стимулацијата, се што им задава главоболка и стрес е знак дека треба да запрат со извршување на таа работа и да одморат.
Ако чувствувате умор или било какви знаци на когнитивно опаѓање време е да размислите да земете одмор и да не ја надминете границата на 30 работни часови неделно ако сакате вашиот мозок да го одржите здрав, ијавил професорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.