Сите истражувања и информации водат кон тоа дека несреќата во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант , неговата 13-годишна ќерка и уште тројца патници, ја предизвикал пилотот на леталото поради лошите временски услови.
Во јавноста протече снимка од разговорот помеѓу контролата на летање и пилотот, на која се слуша како пилотот се предупредува дека е премногу ниско. Исто така се слуша како добива инструкции за зголемување на брзината и да ги избегне планините, но тој го прави спротивното и ја зголемува висината по што следи кобниот пад.
Во меѓувреме медиумите успеаа да дојдат до изјава на еден сведок кој го видел моментот на падот на хеликоптерот. Имено 62-годишниот Џери Кохарија додека бил пред локалната црква и пиел кафе забележал како хеликоптер лета многу ниско.
Не се слушаше како што треба, леташе навистина ниско. Имаше магла, леталото го снема од видик поради маглата,а пота се слушна само „бум“ и во следниот момент видов голема огнена топка. Такво нешто никој не можеше да преживее, вели Кохарија.
Како што веќе се објави во голем број американски медиуми, веројатно причината за несреќата се лошите временски услови и пилотска грешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.