Љупчо Зафиров е еден од загинатите во страшната автобуската несреќа во Бугарија, во која покрај него, животот го загубија уште 44 лица, а седуммина се повредени.

Зафиров беше шофер, кој сигурно многу ќе недостасува на планинарската фела, со оглед на тоа дека долго време соработувал со планинарските друштва при организацијата на планинарски тури.

Зафиров најмногу соработуваше со еколошката групација „Грун Пауер“, а долгогодишниот планинар Игор Смилев со голема тага раскажува за неговото пријателство.

Љупчо беше намачена душа. Срце планина, личност што знаеше да помогне и во најтешките мигови. Сопругата го напушти, му зеде се, а тој почна од „нула“ повторно да се издига од пепелта. Планинарската фела изгуби еден огромен другар, врвен професионалец. Љупчо ми ѕвонеше пред четири-пет дена, но јас не успеав да му се јавам. Обично тоа го правеше штом дојдеше во Велес, па пиевме кафе во некој локал. Сега ми е многу криво што не му се јавив. Никогаш нема да дознаам зошто ме барал. Премногу сум тажен, бар да му се јавев, можеби ќе променев многу работи – раскажува Смилев за „Фокус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.