Огњен Врањеш ја покажа хуманоста на дело.

Како што дознава српски Курир, Врањеш, кои последите месеци беше во центарот на интересот на јавноста поради аферата со Јелена Карлеуша, купил огрлица од нејзината лута противничка Цеца Ражнатовиќ и тоа за 3.000 евра.

Имено, најголемата балканска ѕвезда во почетокот на април учествувала во хуманитарна акција така што на Инстаграм објавила видео во кое ги повикала следбениците да помогнат во собирање на парични средства за младиот Никола Рабреновиќ, кому му се потребни пари за операција во Русија. Таа го дала својот накит, по што тргнала лицитацијата.

Според соговоринокот на Курир, Врањеш под лажно име се вклучил во акцијата и во старт понудил најмногу од сите, 2.000 евра, но на сметката на момчето уплатил дополнителни 1.000 евра.

Огњен е многу добар пријател на мој близок, кој во доверба  ми рече дека двајцата учествувале во лицитацијата за огрлицата на Цеца, но дека Врањеш понудил најмногу од сите. Фудбалерот сакал да помогне , но не и да се зборува или пишува за тоа, затоа и својата понуда ја изнел од лажен профил. Тој Цеца исклучитлено ја цени и почитува и беше сигурен дека парите ќе отидат во вистински раце, а јас сметав дека тоа треба да се знае – тврди изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.