Поранешната руска гимнастичарка Алина Кабајева, за која се зборува дека е во долгогодишна врска со рускиот претседател Владимир Путин, наводно неодамна родила близнаци, пишуваат руските медиуми, пренесува Дејли Меил.
Алина по ова прашање не се огласувала во медиумите, а Кремљ никогаш не инфоромира за приватниот живот на рускиот претседател.

Извори блиски на Кабајева, рекле дека не сакаат да ги коментираат гласините.

Според пишувањата на руските медиуми, целиот Истражувачки центар за акушерство, гинекологија и перинатологија порано овој месец бил средуван, како таму би се сместила поранешната гимнастичарка и пратеничка во партијата на Путин, пренесуваат изворите.

Еден од водечките весници во Москва, на својот портал ја објави оваа приказна, која после ненедејно е избришана. Сергеј Канев, истражувачки новинар кој е близок на руските разузнавачки служби, истакнува дека Алина родила блзинаци.

Известен е дека е ангажиран голем број на офицери на службите за безбедност, кои го прегледале секое ќоше на породилиштето пред нејзиното доаѓање.

Пола медицински персонал е исфрлен од ова одделение – рекол тој повикувајќи се на сопствен извор.

Познат лекар од Италија помогнал на породувањето, со асистенција на познатиот академик, директор на медицинскиот центар.

Мајката роди две момчиња. Мораше да се изврши царски рез – рекол тој.

Наводно раѓањето на близнаците не е споменато во медиумите кои ги води Кабајева, а која сега е директорка на Националната медиска група.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.