На 24 февруари 2020 година рисаџиите од Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со претставници од Националниот парк „Маврово“, успешно заловија уште една единка од таинствениот балкански рис на планината Бистра спроти с. Ростуше.

Утврдивме дека се работи за рисица на возраст 6–7 години, тешка 15 kg. Оваа дама е во одлична здравствена состојба, а тоа го потврдуваат и првите наоди на терен од плен – срна, само три дена по заловувањето. Се надеваме на уште убави вести од терен!, велат од МЕД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.