Адријана Лима одлучила финансиски да помогне во обновата на шумите во Амазонија. Во Амазонија веќе подолго време има пожари кои се закануваат да ја уништат тамошната шума која претставува “бели дробови“ на Земјата.
За да се соберат пари да се санира штетата, на продажба се најде книгата „Angels Limited Edition“ во која се наоѓаат голи уметнички фотографии на Адријана Лима.
Целата заработка од продажбата ќе биде дадена на организацијата Ealliance.org/amazonfund.
Адријана токму овие разголени фотографии ги објавила на својот Инстаграм профил, а освен тоа нагласила дека и самата таа ќе уплати пари за Амазонија, независно од продажбата на овие книги.
Леонардо ди Каприо и неговата организација „Алијанска за Земјата“ ќе донира 5 милиони долари за обнова на амазонските шуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.